“Не плачи, Папа, те молам, не плачи: ветувам дека ќе ти се јавувам, пред секое невреме ќе ти се јавувам, Папа; ќе ми ја гледаш душата како ми светка во облаците; и како виножито ќе ти се јавувам, како три виножита, не како едно; и како твоите облаци од детството ќе ти се јавувам, во вечна мена и промена, и како ветер ќе ти се јавувам, како пеперуга, пепел од ветер што засекогаш заминал, писмо вечно живо и љубовно ќе ти пишувам со лисја есенски, кога ќе г поземам и ќе дувнам; шшшшшшшшш!; и на трепките ќе ти спијам без да ме сетиш, и не лути се што нема да ме сетиш Папа, оти не ќе сакам да те будам, додека спиеш уморен од твоите книги и ме сонуваш; и како риба ќе ти се јавувам, со полна утроба твои деца, неродени; и како самовилско коњче што во мигот ја сокрило вечноста, животот во еден ден го заробило; и како „ж“ и „ш“ во устите на другите лични девојки ке ти се јавувам, сигурно ќе ме препознаваш, Папа, како жар во огништето; ќе ме гледаш, Папа, како жива жар, кога ќе бидеш стар и седокос, седнат крај огнот во некој манастир, ќе ти се јавувам и како сенка твоја Папа, верувам дека ќе ти се јавувам, само ако ме повикаш и ако уште ме сакаш; и како црно јагне ќе ти блеам, и како румена калинка донесена од југот ќе ти се јавувам, ќе ми се насладуваш Папа, не плачи Папа, ние бевме среќни и сега нека не изгорат, тие ништо друго и незнаат освен да ги горат среќните, оти им завидуваат, и сите учени закони и сите светски судови и сите судиски перики и чекани, сите униформи и чинови, сите брачни договори се смислени само за да им се забрани на двајца да си палат оган по телата и во срцето, да си ги скокоткаат душите во слатки пламења, затоа се смислени сите тие гадости, за да се прогони огнот од нашите животи и да се внесе ред, вода што се командува според саканата форма на посатката, затоа не плачи Папа, ние се сакавме, ние изживеавме се во еден месечев живот, во дваесет и осум круга на земјата околу сонцето; ние сами се запаливме, се претворивме во оган, Папа: па ти ми палеше веќе слатки пламења на слабината, по вратот, по бедрата, во утробата, утробата со бакнеж и врели жигови ми ја отпечати и ми ја запечати, ме топеше како старо златко и ме лееше во камбана, па сум горела до сега стопати со тебе Папа, поврага веќе со”

Venko Andonovski

Venko Andonovski  - “Не плачи, Папа, те молам, не плачи...” 1

Similar quotes

“– Што работеше горе? – ќе прашаат, а сакаат да прашаат: „Чистеше ли клозети?“– Имаше некој таму? – ќе кажат, а сакаат да кажат: „Оваа сигурно спиела со Арапи, црнци, Англичани, со кого не?..“– Се врати да се видиш со твоите, а? – ќе прашаат, а мислат: „Се врати зашто ќе умреше за леб, не треба да ни објаснуваш, ние веќе сè знаеме!”

Жарко Кујунџиски
Read more

“Сè противречи едно на друго, сè протрчува едно крај друго, никаде нема сигурност. Сè може да се толкува вака, и сè може да се толкува обратно. Сета човечка историја може да се протолкува како развој и напредок, а истовремено без да се види нешто повеќе од пропаст и глупост. Зар нема вистина? Зар не постои вистинска и валидна наука?”

Hermann Hesse
Read more

“- Бе не съм търсил благодарност, аз им помагах. Ама един еднъж ме удари със същата ръка, дето му оздравих, е, там, до дерено му бе къщата, вий не го повните. Очите ми се надуха каквото баире, ама си замълчах и зех само да го подминавам каквото въздух. И след двайсет години, той се усети и доде да се опрощаваме.- Ти опрости ли му?- Че как няма да му опростям, щом се е усетил!- Повечето сега не опрощават.- Само който нема душа, не може да опрости, щом види, че чилякът иска да се поправи. На всички съм опростявал, както и на мене са опростявали, когат съм сбърквал. По това се познава справедливостът, ние не сме по-големи от нея.- И какво стана сетне?- Нищо. Щом тръгна чилякът за небето, отидох да го изпроводя. Сега и аз чакам да си ида. Видиш ли го, е, там, в сребърното си ще ме пусне каквото перце. И там е пълно с роднини, има кой да ме сряща, не бой се.”

Екатерина Томова
Read more

“Искам да ме изслушваш, без да ме съдиш.Искам мнението ти -не съвет.Искам да ми вярваш, без да изискваш.Искам помощта ти, но не и да решаваш вместо мен.Искам грижите ти, но не и да ме обезличаваш.Искам да ме гледаш, без да проектираш своите неща у мен.Искам прегръдката ти да не ме задушава.Искам да ме окуражаваш, без да ме насилваш.Искам да ме подкрепяш, без да се нагърбваш с мен.Искам да ме защитаваш без лъжи.Искам да си близо, без да ме завземаш.Искам да познаваш моите черти, които най-силно те отвращават.Искам да ги приемеш, без да се опитваш да ги промениш.Искам да знаеш…че днес можеш да азчиташ на мен…Безусловно.”

Хорхе Букай
Read more

“МОЯТА МОЛИТВА"Благословен бог наш..."О, мой боже, правий боже!Не ти, що си в небесата,а ти, що си в мене, боже -мен в сърцето и в душата...Не ти, комуто се кланяткалугери и поповеи комуто свещи палятправославните скотове;не ти, който си направилот кал мъжът и жената,а човекът си оставилроб да бъде на земята;не ти, който си помазалцаре, папи, патриарси,а в неволя си зарязалмойте братя сиромаси;не ти, който учиш робътда търпи и да се молии храниш го дор до гробътсамо със надежди голи;не ти, боже на лъжците,на безчестните тирани,не ти, идол на глупците,на човешките душмани!А ти, боже, на разумът,защитниче на робите,на когото щат празнуватденят скоро народите!Вдъхни секиму, о, боже!любов жива за свобода -да се бори кой как можес душманите на народа.Подкрепи и мен ръката,та кога въстане робът,в редовете на борбатада си найда и аз гробът!Не оставяй да изстинебуйно сърце на чужбина,и гласът ми да преминетихо като през пустиня!...”

Христо Ботев
Read more